Писателот и режисер Александар Русјаков на свој начин одговара на разочарувањето на припадници на т.н. Шарена револуција од сегашната власт, на која ѝ помогнаа да ја урне претходната.

„Се превртев од смеење. Симнале власт со протести. Они алишта од јаже не можат да симнат, власт симнале. Да, да, вие или Бејли се потевте како да го тргнат ВМРО, откако СДСМ и по толку ‘бомби’ пак изгуби на избори? Вие да не висевте во штабот на ДУИ? Вие да не бевте шефот на ЦИА што донесе платформа во Тирана? Вие или Сорос и УСАИД истурија купишта пари? Вие или ЕУ одлагаше избори затоа што знаеја дека СДСМ нема шанси? Вие, бре, едни протести не направивте сами, ништо оригинално не видовме. Истите слогани, пароли и финти што ги гледаме дваесет години низ светот, таму кајшто „дип стејт“, решил да менува власт. Дури и презервативите ви ги подметнаа цинично. Протестирачи за една употреба. Е, моја интелектуална бижутеријо и лажна авангардо, не сте вие уморни, туку извозени, превеслани. Ги правевте луѓето малоумни кога ви велеа дека црпнатиот е донесен (значи не вие, туку донесен, октроиран) само за да смени име, идентитет, устав, историја. Малоумни ги правевте оние кои ви велеа дека овие не го рушат Груевски, туку Македонија. Ене ви го сега Груевски, граѓанин на Европска унија, а вие не сте, ќе остарете додека станете, ако воопшто станете, дури и без идентитет. Вашите предци беа дел од Илинден и АСНОМ. Вие, само му бевте шарен декор на Големиот брат, кој одлучи да нема веќе Илинден и АСНОМ. Веќе виден декор. И не заборавајте, теравте пропаганда за ЗА на рефрендумот. Глумевте лудило и тврдевте дека сте победиле на референдумот што ние законски ви го рокнавме. Додека не почнаа и странски медиуми да ви се смеат, оти по вашата логика Каталонија е независна држава. Аплаудиравте на криминалното создавање двотретинско мнозинство. Го одобривте барањето на Хан за спроведување ‘балкански методи’ врз оние пратеници кои нема да поддржат незаконски уставни промени. Не, не сте уморни од протестирања, уморни сте од промашувања“, напиша Русјаков на својот профил на Фејсбук.

SHARE

5 Коментари

  1. Абе идиоту невиден, кој ги изгуби изборите? Кој е власт, а кој опозиција? За што се избори? За тоа која партија ќе добие поголем број на пратеници или кој ќе успее да формира влада и кој ќе владее со Македонија? Абе токмаку невиден, според Уставот ништо не значи која партија добила најмногу пратеници. Уставот вели дека власта ја добива оној кој има мнозинство во Собранието. Со кого правиш мајтап? Зарем не гледаш дека се` се одвива онака како што се бараше на протестите? Каде ти слепче, гледаш промашувања? Од објавувањето на „бомбите“, па се` до ден – денешен, нема нити едно промашување. ВМРО-ДПМНЕ прифати избори, привремена влада, сменети беа Мијалков, Јанакиевски, Јанкуловска, Груевски се повлече од премиер, избори се одржаа, ВМРО-ДПМНЕ падна од власт, исто ги изгуби градоначалниците низ Македонија, се распадна, СДСМ од 49 пратеници дојде до 80… Македонија го реши проблемот со Грција и ќе влезе во НАТО и ЕУ. Плачи ти колку што сакаш. Крив ти е Бејли, ЦИА, Сорос. Познато е тоа. `Рџавом курцу и длаке сметају. Плачи плачипичко. Ништо друго не ти останува.

    • Haaaahaaaaaa !…..popara ho napravi ! ……on na tebe !…… tiki da ti kaza da ne ispandvit oti ne sum ti kazal……abe JAS SO KE KAZA TAKA KE BIDVIT ! ! i tocka ! A mojot posleden zbor ke bidvit recen na den Sv.Ilija ! ! Ke bidvit takva popara i na smrznat helium ima da duvat da ne se zapalit ! !….taka da mi znajs ! …emi oti togaj more ? emi oti ovoj prost narod dodeka ne pocnit da mu gorit pod noze ak’l ne mu idvit ! ! zaradi zbog tova !jaaasno ali neit jasno !?

    • @еден, те разбирам, тешко е кога некој ќе ти ја плесне вистината во очи за која си свесен, ама од разноразни причини и мотиви не сакаш да ја видиш ти доаѓа да се убиеш, ете признај и ќе добиеш поблага казна! (според традицијата никој нема да биде заборавен никому нема да му биде опростено!)
      Од каде потребата на Русјаков да му лепиш етикети?
      Па тој само добронамерно ви кажува колку сте излегле глупи, зарем е тоа злосторство?
      Во иднина пред да пишуваш глупости прво информирај се што пишува во Уставот и законите, кој добива мандат, кој победува, кој прогласува кој политички субјект победил … ова добронамерно за да не ти се смеат!
      А сега она што мене ме интересира:
      1. Како ги доведуваш во корелација криминалот на поединци од претходната власт со менување на карактерот на државата??? Да појаснам што врска има криминалот на тие поединци со воведување на втор службен јазик (да речеме албански јазик во Делчево) дали тоа значи дека тие криминалци се криминалци со патриотско чувство, а овие криминалци денес се ем криминалци ем квислинзи-велепредавници????!!!
      2. Каква врска има криминалот на претходната гарнитура со МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА и уставните промени кои во моментов се буткат???
      3. Дали си свесен дека претходната гарнитура и онака ќе беше симната од власт, заради криминал или презаситеност е неважно, и дека немаше потреба да вршите редефинирање на Македонија -промена на име и сите други глупости – сакам да речам дека немаше потреба од вашето велепредавство и дека токму со тој чин вие создавате клима криминалци да бидат третирани како патриоти!???
      4. Дали во вашите барања и желби имаше и барање за трета арнаутска држава на Балканот??? Зошто се ставивте во улога на пешадија за да исполните нечии барања за големи држава во случајов програмските цели на Призренската лига и стратешките цели на големите?????

      Види вака, кога на горните прашања, си одговориш тогаш ќе ти стане јасна твојата улога како и политиката на оваа квислиншка власт создадена врз програмските цели на тиранската платформа. Дека оваа квислиншка влада е создадена на антимакедонизам и растурање на Македонија на секому му е јасно. Кога ќе ти стане тоа јасно ќе бидеш сериозно третиран од соговорникот, до тогаш ќе бидеш или пропагандист или идиот трето нема, само да си знаеш тоа е твој избор и немаш право заради твојот избор да обвинуваш други! За последиците ќе почекаш, во моментов има лоша коњуктура и се врши пресложување.

      • ДЛМ, во дилема сум дали да ти одговорам. Твоите мисли се збркани. Погрешно гледаш, погрешно размислуваш и носиш погрешни заклучоци кои ги прифаќаш како вистини. Ајде да видиме дали не е така. Велиш сум пишувал глупости што пишувало во Уставот и законите. Е ајде ти кажи што пишува во Уставот и законите и што е погрешно во она што јас го напишав. Кој победува кој добива мандат. Така ќе знаеме дали јас сум погрешил, или ти немаш појма што пишува во Уставот и законите. Понатаму, каде ти гледаш дека јас правам некаква корелација помеѓу „криминал на поедици од претходната власт“ со некакво „менување на карактерот на државата“? Нити споменувам некаков „криминал на поединци од претходната власт“, нити мислам дека постои некакво „менување на карактерот на државата“. Јас никаде не гледам некакво „менување на карактерот на државата“, а најмалку во тоа што некој Албанец во Делчево ќе може во некоја државна институција да се обрати на албански јазик и да добие документ на албански јазик. За мене не е велепредавство да им се овозможи на Албанците да го користат својот јазик на целата територија на Македонија. Нити јас лично, нити државата Македонија ќе изгуби нешто ако Албанец во државните институции во Делчево има такво право. Јас лично би сакал секој службеник во државна институција во Македонија, не само да знае Албански, Српски, Ромски и сите други јазици на оние кои живеат во Македонија, туку секој службеник да знае и Англиски, Германски, Француски. Што ќе изгуби Македонија со тоа? Што се однесува до името, нема промена на име. Името Македонија останува. Се додава геогафска одредница Северна. Остануваме и ние тоа што сме. Македонци (како посебен народ, еден од Јужнословенските народи) и нашиот јазик останува македонски јазик( како еден од Јужнословенските јазици). Македонија со прифаќање на договорот со Грција ќе влезе во НАТО и ЕУ, а со тоа ќе стане побезбедна држава, појака, побогата и подобра во секој поглед. И тоа ќе се оствари. А тоа што ти и Русјаков и тие како вас размислуваат, нема да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ и да излезе од калта во која беше закопана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Оставете Коментар