Aмбасадата на Русија во Бугарија на Фејсбук споделила статус од сајтот “Клас.бг” во кое демонстранти кои протестирале во Софија пред новогодишна елка – подарок од руската влада за Софија – се нарекуваат “малоумници“.

Во споделениот коментар се вели дека „никој во Бугарија немаше да разбере за подарената елка од Русија за Софија и тоа само „поради бруталната американска цензура во медиумите кои за Русија зборуваат само лошо и ништо друго освен лошо“, пренесува  бугарски „Дневник“.

Во коментарот споделен на ФБ се истакнува и дека „ова е прв пат во историјата на светот да се протестира против елка“ и дека протестот се одржал затоа што елката била „ дел од ‘хибридната војна’ на Русија против Бугарија.

„Дневник“ објаснува дека поводот за реакцијата на руската амбасада е протестот „Слобода за украинските морнари“ од 23 декември кога пред елката се собрале граѓани кои барале „ослободување на 24-та украински морнари киднапирани по руската напад врз украински бродови на 23 ноември“.

На протестот, на елката биле закачени хартиени бротчиња за секој од заточените украински војници меѓу кои има и Украинец со бугарско потекло, пишува „Дневник“.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.