Руската амбасада во Атина сугерираше дека Вашингтон дека се меша во внатрешните работи на Грција, во врска со неодамнешната посета на американскиот сенатор Роберт Менендез, кој се осврна на грчко-турските односи и ја критикуваше намерата на Анкара да го купи рускиот систем за оружје С-400.

„Американските сенатори уште еднаш ги подучуваат другите за морал, овојпат на тема” кои земји дпо кои треба да се дружат и со кои не. „Зарем тоа не е токму мешање во домашните работи на Грција?”, соопшти амбасадата во серија твитови.

Од руската амбасада велат дека „вистинската цел“ на САД не е да ја спречи Турција да купи модерни системи за воздушна одбрана, туку да ја убеди Анкара да ги купи нив (авиони Ф-35 и Патриот ракети) од американските компании.

„Сè друго е ништо повеќе од сензационализам“”, се вели во сооптението од руската амбасада во Атина во соопштението, пренесоа грчки медиуми.

SHARE

Оставете Коментар