Руски дипломат го критикува Лавров за влезот на Македонија во НАТО

Николај Платошкин, руски дипломат, писател, публицист, доктор по историски науки и телевизиски политички експерт, по потпишаниот Протокол за пристапување на Македонија во НАТО упати критики кон министерот за надворешени работи Сергеј Лавров.

„Уште една брилијантна ‘победа’ на господинот Лавров!
Република Македонија (поточно веќе Северна Македонија) стана 30-та членка на НАТО. Тоа е токму словенската земја каде што Кирил и Методиј го создадоа нашето писмо, каде што се наоѓаат најстарите православни словенски цркви во светот. И сите овие цркви се реновирани со средства од Германија и од САД, а не од Русија. Не ни беше гајле за експанзијата на Западот во оваа мала словенска земја. Ниту Путин ниту Лавров не се појавија таму во последно време. Претпоставувам дека немаа време. Додека државниот секретар и министерот за одбрана на САД, како и ректори на американските универзитети, своеволно трошеа време во обработката на јавното мислење на оваа земја. А тоа мислење од почетокот беше на наша страна.
Значи, уште еден некадарен пораз на нашиот ‘супердипломат’.
Го чекам следниот со Украина на 31 март 2019.
Иако би сакал да грешам во оваа прогноза“, напиша Платошкин на својот профил на Фејсбук.

SHARE

Оставете Коментар