Руски конвој носи медицинска помош за Бергамо (ВИДЕО)

Медицински експерти и специјалисти на руското Министерство за одбрана денеска во конвој се упатија од италијанската воздухопловна база Пратика ди Маре кон Бергамо, еден од најтешко погодените со коронавирус во Италија.

Со 22 специјални камиони и автобуси ќе биде допремена опрема неопходна за дијагностицирање и дезинфекција. Петнаесет авиони на Ил-76 на руските воздушни сили со воени специјалисти и опрема пристигнаа досега во Италија за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирус.

Италија е најтешко погодена во Европа од појавата на КОВИД-19, со скоро 70.000 потврдени случаи и повеќе од 6.820 смртни случаи .

SHARE