„Јас речиси заплакав кога ги видов и слушнав, не знам вие како се чувствувате“, изјави српскиот претседател на свечениот прием на два ремонтирани авиона „миг-29“, донација од Руската федерација, вчера на аеродромот Батајница.

Александар Вучиќ додаде дека сака авионите да добијат имиња според „нашите херои кои ја бранеа нашата земја против агресијата на НАТО“ и ги наведе  имињата на Миленко Павловиќ, Живота Ѓуриќ, Зоран Радосављевиќ ..”

„Првпат видовме силни крилја на Србија, првите два, примени денес во оперативна употреба, кои ги добивме од Русија. На уште шест работат српски и руски експерти и првпат на парада ќе излеземе со осум авиони „миг-29“, а имаме и три „миг-21“, рече српскиот претседател.