Руско МНР: Не Русија, туку САД се мешаат во Македонија

Руското Министерство за надворешни работи, остро ги критикуваше САД како одговор на изјавите на државниот секретар на САД, Џон Саливан, во Скопје на 18-ти декември, кој тврдеше дека Русија го попречува пристапот на БЈРМ во НАТО.

„САД се обидуваат да го оправдаат вмешувањето во домашната политика на Македонија и ја туркаат земјата во НАТО, тврдејќи дека Москва се обидува да го запре нејзиното членство во Северноатлантската алијанса”, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Со непроверена антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето неоправдано мешање во домашните работи на Република Македонија, да го легитимизира неадекватниот преспански договор и да внесе уште еден балкански регион во НАТО против волјата на граѓаните, како што беше случајот со Црна Гора во 2017 година“, се вели во соопштението.

„ Ние би сакале да го вратиме американскиот службеник во царството на реалноста “. Прво, јасната намера на македонските граѓани беше изразена со неуспешниот исход на референдумот во балканската демократија на 30-ти септември, се вели межу другото во соопштението од руското МНР.

Руското Министерство за надворешни работи истакнува дека американскиот амбасадор беше присутен во зградата на македонското собрание „за да ги обезбеди неопходните резултати“.