,,Руско влијание” во Македонија: Катја, Маша и Медо

Порталот deca.mk објавува приказна за четиригодишната Катја која што сама научила руски јазик гледајќи телевизија.

Нејзините родители кои воопшто не и го наметнувале рускиот јазик како задолжителен за учење се шокирале кога сфатиле дека нивната ќерка зборува јазик што тие воопшто не го познаваат.

“На четиригодишна возраст, додека Катја била на одмор со мама и тато, на плажа слушала дијалози меѓу Руси. Додека тие зборувале, таа почнала симултано да им преведува на своите родители што тие зборуваат, со што буквално ги шокирала. Oва девојче сега е прваче и на родителите им преведува и дијалози од најразлични детски филмови.
Никој во семејството на шестгодишната Катја Котевска не зборува руски, ниту, пак, има каква било врска со Русија. Таа сама пројавила интерес за јазикот гледајќи цртани филмови на интернет”, објавува deca.mk.

Линк до целата приказна за Катја

Шестгодишната Катја течно зборува руски, научила сама уште на 3 години

Фото: deca.mk

SHARE

Оставете Коментар