Рускоска го гони Дурловски со помош на Нинџа и Курто Дудуш

Откако во текот на судењето обвинителката Вилма Рускоска не можеше да обезбеди ниту еден цврст материјален доказ со кој би го поткрепила своето обвинение против Игор Дурловски таа денеска изнесе сосема нови основи со кои бара најмалку десетгодишна казна затвор за еден од лидертите на движењето Заедно за Македонија.

За Дурловски кој се гонеше дека наводно држел поттикнувачки говори со цел да предизвика хаос и насилство на 27 април, во текот на судењето онвинителката Рускоска не презентираше ниту еден материјален доказ, видео или прецизна изјава на кридибилен сведок за сторен било каков криминал.

Иако обвинителството презентираше десетици видеа со други обвинети од судењето за Дурловски немаше ниту една инкриминирачка снимка.

За да се надомести пропустот во постапката Рускоска сега се служи со сомнителни изјави на двајца од сведоците кои што се појавија на судењето со цел да бара затвор за Дурловски.

Изјавите на двајцата сведоци се во најмала рака проблематични.

Едниот сведок е Александар Василевски Нинџа кој долго време беше во бегство по што се предаде на властите.

Тој на судењето се “обиде” да сведочи против Дурловски а најмногу што можеше да и помогне на Рускоска беше да тврди дека го гледал како излегува од канцеларии на ВМРО-ДПМНЕ, што беше категорично негирано од одбраната.

Неговото сведочење според ниту една правна логика не може да биде доказ за барање осудителна пресуда но веројатно Русковска немала подобра алтернатива во желбата да не се докаже дека обвинението воопшто не и држи и да се избламира од позиција на шеф на ОЈО за гонење организиран криминал.

Имајќи предвид како Нинџа се предаде и со какви законски пречки тој се соочувал во минатото овде дури и на лаиците им е јасно што се случува.

Вториот сведок на кој сега се повикува Русковска е актуелниот градоначалник на Шуто Оризари Курто Дудуш Куцо кој на сведочењето воопшто не тврдеше ништо за Дурловски.

Тој зборувајќи за Дурловски тогаш рече дека „мисли“ дека оперскиот пејач е човекот што на двајца луѓе им рекол „овој е комуњар одете по него“, но дека “не е сигурен” по што и Дудуш потврди дека никој не тргнал по него.

Во овој случај акцентот е на зборот „мислам“ на Дудуш кој воопшто не тврдел ништо и затоа обидот на Рускоска да го гони Дурловски со овој наводен доказ е аматерски, тврдат искусни правници и адвокати кои што го следат внимателно судењето.

Според нив Русковска е свесна дека ова не може да помине кај судијата и особено не на апелација и од срам дека особено за Дурловски и паднало целото обвинение во вода купува време за јавноста да заборави на нејината улога во судската фарса.

Пред извесно време Рускоска призна дека била дел од Шарената револуција, што согласно познавачите на нејзината пракса е некакво, но не и логично објаснување зошто водачите на Заедничка Македонија кои предводеа мирни протести, Рускоска ги третира како смртни непријатели покажувајќи видлив анимозитет и желба без докази да ги смести во затвор.

Еден од сведоците на Рускоска Курто Дудуш деновиве е актуелен по нападот на социјалните мрежи на невладините активисти во Шуто Орузари во кои индиректно ги нападна и ЛГБТ заедницата и жените.

Градоначалник на СДСМ: Невладините се пи*ки и пе*ери, и јадат гомна

За време на судењето двајца сведоци изјавија дека токму Нинџа бил организатор на упадот во собранието на 27 април

Обвинет за 27 април “пропеа”: УБК и Нинџа го организираа упадот во Собранието!