Русковска „таксана“ за шефица на новото СЈО!?

Дали Вилма Рускоска е веќе определена за челната позиција
откако Обвинителството за гонење на организиран и криминал и корупција и сегашното Специјално јавно обвинителство ќе се спојат во една институција? 

„Независен весник“ потсетува дека премиерот Заев првично ја промовираше Русковска за шеф на новото СЈО, но откако опозицијата го нападна, Заев ретерираше и рече дека изборот ќе го прави Советот на јавни обвинители.

Сепак, во една од преодните и завршни одредби на новиот предлог-закон пишува дека Вилма Русковска ќе го води новото Обвинителство чија мета треба да бидат високите функционери, констатира „Независен“.

„Со денот на отпочнување на примената на овој закон, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува да ја врши својата функција како јавен обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до завршување на мандатот за кој е избран“, пишува во одредбата.

Според весникот, оваа одредба значи дека Русковска останува на шефовското место се додека не и истече мандатот, односно уште неколку години.

Дури откако ќе ѝ истече мандатот на Русковска, ќе следува конкурс на кој ќе може да се пријават обвинителите кои ќе сакаат да ја заменат. И дури тогаш изборот на шефот на новото Обвинителство ќе го врши Советот на јавни обвинители.

SHARE