Рускоска: Заев во април ни кажа дека бизнисмени биле рекетирани

Рускоска Заев во април ни каже дека Камчев бил рекетиран

Обвинителката Вилма Рускоска за Независен весник.изјави дека премиерот Зоран Заев прв ја известил дека бизнисмени му се пожалиле дека биле уценувани

„Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, вели Русковска за „Независен“.

Премиерот Зоран Заев истото го изјави вчера на прес-конференција за случајот „Рекет” во кој е уапсен Боки 13,  велејќи дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани и дека тој тоа го пријавил.

Русковска вели дека првпат премиерот за тоа им кажал во втората половина на април. Со оглед на тоа дека истрагата против неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски е отпочната на 2 мај, најверојатно Камчев му се пожалил за рекетот прво на Заев, па потоа поднел кривична пријава во Обвинителството.

Боки 13 моментално е во хашкото одделение со во Шутка, откако по собрани вербални и материјални докази, Обвинителството отвори истрага во која него и бизнисменот Кичеец  ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

SHARE