Обвинителката Вилма Рускоска вели дека не видела докази за изборни нерегуларности и за поткуп на гласачи во кои, наводно, учествувале поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат Вице за што денеска опширно пишува италијанса „Ла Република“.

Русковска потврди дека објавените документи се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015-та година. На распит ги повикала Зоран Заев и неговиот брат но во 2018та случајот е затворен. Русковска вели оти немало докази дека осомничените сториле кривично дело.

„Тоа што објави Ла верита се извадоци од истрагата на обвинителстовото. Кога ќе се видат целите разговори, дело нема“, вели за Сител обвинителката Вилма Рускоска.

„Кога немате докази нема што да процесуирате до судот“ вели Русковска за Канал 5 коментирајќи ги пишуваањата на „Ла Верита“.

SHARE