Русковска тврди Заеви се невини, според најавите не и се пишува добро

Обвинителката Вилма Русковска потврди дека објавените документи од страна на Ла Верита се дел од истрагата која се спроведувала во 2014 и 2015-та година. Тогаш таа на распит ги повикала Зоран Заев и неговиот брат Вице но во 2018та случајот е затворен.

Русковска вели оти немало докази дека осомничените сториле кривично дело.

„Тоа што објави Ла верита се извадоци од истрагата на обвинителстовото. Кога ќе се видат целите разговори, дело нема“, вели за Сител обвинителката Вилма Рускоска.

Според Заев пак, случајот за наводни изборни нерегуларности имал политичка позадина бидејќи СДСМ не ги признала тогашните избори.

„Ако имале какви било докази, верувајте 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ, Заев ќе го осуделе. Значи немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат обвинение“, изјави Зоран Заев, Претседател на СДСМ.

Италијанскиот весник пак најави дека во следните деновите ќе објавува извадоци од документите кои ги поседува.

На социјалните мрежи пак профили кои досега објавувале точни информации најавуваат дека ако се објават целосните разговори ќе се види дека Русковска не е во право и дека обвинителството незаконски го запрел процесот.