Ружин: Патриотизмот во 21. век е назадна тема, провинциски израз (ВИДЕО)

Некогашниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин, во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5 го опиша шпагтриотизмот како назадна тема.

„Самиот израз патриотизам во 21. век е назадна тема, простете на исраз – провинциски израз, бидејќи во 21. век луѓето се насоечни кон иднината“, рече тој во ТВ-дуелот со Александар Пандов.

За спорот со Бугарија околу апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, професорот со став:

„Гоце Делчев е мит и иконографија и од митот ‘Гоце Делчев’ произлезе и иконографијата. Ние се идентификуваме со него, исто како што секој Македонец се идентификува и со други параметри на нашиот национален идентитет – јазикот, православието итн. Во овој момент се вмешува политиката и мора да се бара излез. Ако сте историчар, историчарите обично на Балканот направија многу лоши нешта – на пример, сметаа дека и војните на Балканот беа еден вид поттикнати од историјата, од историчарите, кои што се занимаваа со политика. Да ги оставиме историчарите да најдат некој модус вивенди за овој проблем, а политиката да најде еден излез. Кој е излезот? Кој било да е на власт во оваа ситуација би се нашол во ова што сега го експлоатира ВМРО-ДПМНЕ. Кога таа иконографија, исто како што е името Македонија, треба да имаме еден реалистички пристап – што може нашиот политичар да направи во овие билатерални односи? Големината е да имате разбирање, да имате компромис. Ако вие не најдете компромис, вие не сте за 21. век“, изјави Ружин.

SHARE