САД бараат Косово да ги укине таксите за српските производи


Специјалниот претставник на Претседателот на САД за дијалогот Белград-Приштина Ричард Гренел преку твит до лидерот на опозициската ДПК, Кадри Весели, порача дека таксите кон Србија (воведени од Рамуш Харадинај – н.з.) треба да се укинат и дека премиероит Албин Курти е во право.

Ричард Гренел реагираше на загриженоста на Весели за „прекумерното брзање на новиот премиер за да ги исполни барањата на Србија“.

„Кадри, САД бара да се укине таксата од 100%. Таа му штети на Косово и ги спречува бизнисите во отворањето на новите работни места. Албин има право, твитна Гренел.

SHARE