САД го почнаа повлекувањето од Сирија

Коалицијата против Исламската држава (ИСИС  предводена од САД, го започна процесот на повлекување од Сирија, соопшти портпаролот на Коалицијата Шон Рајан.

Поради оперативната безбедност, нема детали за „времето, локацијата или движењето на војниците“, објави Ројтерс.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Обединетото Кралство, објави дека повлекувањето започна минатата ноќ.

Најмалку 2.000 американски војници беа распоредени во Сирија.

SHARE