САД со помала помош за Македонија во 2019

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео објави дека паралелно со засилената акција на Русија на Балканот, САД ја намалува финансиската поддршка на регионот.

Зборувајќи во комитетот за надворешни работи во Претставничкиот Дом на САД, Помпео откри дека предлог буџетот на американскиот Стејт Департмент за финансиската 2019 година ги намалил трошоците за помош во дел од Балканските земји.

Според предлогот најголем удар ќе доживее финансиската помош за Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Фото: Твитер