САД ја престигнаа Кина според бројот на заболени од коронавирус

Со дури 17.057 регистрирани новозаболени во само едно деноноќие, САД ја престигнаа Кина и станаа најголемо жариште на коронавирусот во светот со вкупно 85.268 регистрирани случаи, наспроти кинеските 81.285.

Италија речиси ја достигна Кина, каде што и почна пандемијата при крајот на минатата година, забележувајќи до вчеравечер 80.589 болни од Ковид-19.

По бројот на починати, пак, Италија е убедливо прва со 8.215, следува Шпанија со 4.365, а трета е Кина со 3.287.

Шпанија, која е четврта по бројот на заболени (57.786), во последните 24 часа имаше најмногу жртви од коронавирус (718), шест повеќе од Италија, а трета е Франција со 365 починати (наспроти 29.155 болни).

SHARE