„Одиме на Месечината – за да останеме“, објави американската вселенска агенција НАСА.

„Ќе изградиме одржлива инфраструктура за поддршка на мисиите до Марс и подалеку. На тоа работиме и за тоа подготвуваме. Одиме. #Месечина2024“, стои во пораката на Твитер.

На неа се надоврза потпретседателот Мајк Пенс.

„Пред 50 години САД беа првата нација што стапна на површината на Месечината. Благодарение на водството од претседателот, Америка се враќа на Месечината за пет години! Првата жена и следниот маж на Месечината ќе бидат Американци, а овојпат ќе одиме таму за да останеме!“, порача Пенс.