САД против вториот крак на „Турски поток“ низ Бугарија

САД се против вториот крак на гасоводот „Турски тек“ преку Бугарија и го гледаат како геостратегиски проект на Русија, изјавил заменик-државниот секретар на САД за политички прашања Дејвид Хеил, трет човек во Стејт департментот, во интервју за Бугарското национално радио.

„Проблемот е што Москва ги користи своите извори на енергија како политичка алатка за да изврши влијание, да ја подели Европа. Северен тек 2 и втор дел од Турски тек се проблем затоа што тие не обезбедуваат диверзификација на енергија за Европа. Тие ја дестабилизираат Украина затоа што Русија има можност да ги заобиколува гасоводите на украинската територија “.

„Сметаме дека тие и даваат на Русија уште едно средство за наметнување на Европа и со тоа да придонесат за нестабилност“, рече Хеил како пренесува БГНЕС.

Во интервјуто тој потсетува дека Соединетите држави ќе продолжат со својата поддршка за модернизација на бугарските вооружени сили, изградба на на 5G мрежа, зајакнување на владеењето на правото…

SHARE