САД со план да ја користат Македонија против Русија, тврди руски воен експерт!

Константин Сивков, доктор по воени науки и прв потпретседател на руската Академија за геополитички проблеми, за агенцијата РИА Новости објаснува зошто НАТО ја „вовлекува“ Македонија.

„САД планираат да ја користат Северна Македонија како боиште. Таму можат да се разместат ракети со среден дострел, способни да гаѓаат цели во Русија на значителна длабочина (од територијата), да распоредат авиобази и одбранбени ракетни системи. А населението на Македонија за Американците, едноставно, е топовско месо!“, изјави Сивков.

Според рускиот капетан прва класа, на Американците не им требаат македонските војници или тенкови, туку територијата на државата за операции насочени кон исток.

SHARE