Американската амбасада во Приштина денеска соопшти дека САД изразуваат поддршка за трансформацијата на косовските безбедносни сили во косовска војска, која ќе има територијален одбранбен мандат, како суверено право на Косово.

„Овие закони не донесуваат моментална промена на структурата, мисиите или операциите на силите, но претставува почеток на практичен проект за креирање банери, мултиетничка армија која може да функционира со НАТО, која им служи на сите косовски заедници во согласност со десетгодишниот план за транзиција на косовската влада“ се наведува во соопштението.

Од амбасадата на САД ја повикуваат косовската влада да ја продолжи својата блиска координација со НАТО сојузниците и партнерите, како и да се вклучи во информирање и допирање до малцинските заедници.

Генералниот секретар наНАТО, Јенс Столтенберг, веднаш по гласањето во косовскиот парламент изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.

Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува траснформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто.

Политичките претставници на косовските Срби ѝ порачаа на косовската влада, на меѓународната заедница и на новоформираните оружени сили на Косово дека нема што да бараат на северот на Косово, пренесуваат српските медиуми.

Според сите меѓународни документи, а особено според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, единствените оружени сили кои можат да се најдат на северот на Косово, каде главно живеат Срби, се тие на КФОР, порачаа тие.
SHARE