САД: За 24 часа над 2.000 починати од Ковид-19

Повеќе од еден милион луѓе во моментот се заразени со новиот коронавирус, а 63.006 починале.

Институтот Џонс Хопкинс соопшти дека во изминатите 24 часа имало 29.515 нови случаи заразени со Ковид-19 и 2.040 смртни случаи.

Бидејќи сојузните држави ќе почнат да ги вклучуваат во статистиката и оние кои „најверојатно починале од коронавирусот“, тоа го најави и Институтот Џонс Хопкинс, пренесе Си-Ен-Ен.