Салиу: „Метла“ во ДУИ за Али да покаже дека е уште главен

„Мислам дека е јасно дека станува збор за класична партиска метла, без разлика на терминологијата што ја употребуваат партиските челници на ДУИ.

По подолго време, Ахмети има потреба да покаже дека се уште е главен фактор во партијата од една страна, а од друга страна да покаже дека партијата е подготвена да внесе свежа крв во своите редови. Секако дека се потребни промени и реформи и во врвот на партијата, бидејќи само промените по ограноците не можат да ја постигнат целта“, вели уредникот на „Лајм“. Исен Салиу во интервју за „Фактор“..

„Подетални реформи во ДУИ се потребни веќе подолго време, но мислам дека објавувањето на бомбите го забрза тој процес. Од една страна ДУИ сака да ги тргне функционерите кои се опфатени во бомбите, а од друга страна, отворајќи нова тема со реформите, колку толку сака да ја дефокусира јавноста од содржината на бомбите (што ги објави Ел Чека –н.з.)“ вели Салиу.