Новинарот Фуркан Салиу од ТВ Клан се вклучи со свој прилог во „дебатата“ околу тоа дали на 2 август на Мечкин Камен се скандирало „северна, северна“ за што извести„Инфомакс“, а информацијата од владини пи-арџии експресно беше прогласена за лажна вест.

„Употребата на терминот #FakeNews пречесто од страна на владини функционери ја нарушува и онака слабата доверба на граѓаните кон медиумите
Дали ова се прави намерно? Сеуште не сум сигурен
Сакам да останам на моето уверување дека во Владата моментално не се знае кој јаде, кој пие“ напиша Салиу на Твитер на кој споделува и видео од кое јасно може да се види и слушне скандирањето.

Вчера, двајца советници во Владата, Маријан Забрчанец и Петрит Сарачини, го обвиниja „Ифомакс“ за а ширење на лaжни вести,

SHARE