Салтирова Давидовски: Да бидеме благодарни сега

Ана Салтирова Давидовски е социјален работник кој има магистрирано на менаџмент на човечки ресурси, Менаџер за човечки ресурси во АМСМ, NLP (неуролингвистичко програмирање) Тренер и Coach, Тренер за меки вештини, мајка на две прекрасни дечиња кои во неа ја разбудија желбата за адаптирање на знаењето стекнато во NLP едукацијата за најмладите со што се впушти во авантурата Автор за деца.

Кампања за промена на фокусот на мислата – Да го вратиме доброто расположение повторно во мода

„Кога веќе мислам ќе мислам позитивно“ , ова е мисла која ми стои напишана на огледалото во мојот тоалет , и онака нема докази дека може да се случи нешто лошо како што нема докази дека може да се случи нешто убаво. Кога е веќе така ќе изберам да мислам позитивно така барем убаво се чувствувам.

Причината поради која што ние луѓето мислиме негативно е многу очигледна – така нè имаат научено со најголема љубов и со најдобра намера ГОЛЕМИТЕ кога нè учеле што сè може да се случи ако се качиме на …, ако чепкаме во … а потоа кога ќе станеме ГОЛЕМИ тоа знаење го генерализираме. Но, сега веќе кога сме ГОЛЕМИ можеме да избереме поинаку. Благодарноста е одлична начин за менување на насоката на размислување, таа има моќ да го промени нашето расположение во нагорна линија, да нè направи посреќни.
Живееме во време во кое има толку многу работи кои сакаме да ги промениме кај себе и во опкружувањето сè со цел да бидеме посреќни. Во тие пориви не треба да паднеме во стапица и да заборавиме да бидеме благодарни за сите работи кои ги имаме, а кои ги подразбираме. Бомбардирани сме од информации кои ни го вртат фокусот кон она што ни недостасува со што се истиснува позитивното од видокругот и од срцето. Сè што е потребно да направиме е свесно да избереме поинаку. Да бидеме благодарни СЕГА. Кога ќе почнеме да размислуваме за тоа за што сме благодарни, на почетокот може да оди тешко исто како и остро вртење, но ќе бидеме изненадени од сите мисли на благодарност кои ќе ни надојдат за кратко време. Секој ден ќе имаме сè повеќе работи на кои сме благодарни. Свесно ќе го смениме фокусот. Ова никако не значи дека не треба да имаме желби и да бидеме скромни, туку само значи да бидеме среќни со она што го имаме додека работиме за она што го сакаме. Со благодарноста патот е полесен, поубав.

Во нашиот ум има простор за само една мисла, не е возможно да мислиме на две работи во исто време. Не ми верувате, застанете, забавете и ќе го согледате феноменот на една мисла. Кој е нашиот избор? Сигурно знаеме дека квалитетот на животот зависи од тоа какви се нашите мисли и од тоа како се чуствуваме сами со себе.

Дали вреди да се вложи енергија во овој предизвик може да знае само оној кој што ќе го стори тоа. Дали нешто носи резултати умно е да се каже само ако се проба, особено за работите за кои науката со бројни истражувања ги потврдува бенефитите. Со овој предизик ќе стекнеме ново искуство кое ќе ни овозможи поглед од друг агол на работите кои нè опкружуваат. Оној момент кога ќе го осознаеме новиот агол нема да може да се вратиме на стариот начин на гледање на работите.

Овој текст е извадок од книгата Благодарам (Порака од Авторот), детска интерактивна книга зад која стои методологијата на НЛП (неуролингвистичко програмитање), прва од серијалот НЛП книги за деца и родители.

https://www.facebook.com/blagodaram.nlp

SHARE