Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите на Грција , Димитрис Авлонитис,вели дека се заштитени правата за трговските ознаки за грчките компании што го користат терминот „Македонија“, јавуваат грчки медиуми.

Според, Авлонитис само 19 трговски марки кои го содржат терминот „Македонија“ (или изведеници македонско/ска) се регистрирани во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија , а барање за нови пријави – нема.

“Фактот што има малку регистрирани не е ниту добар ниту лош. Тоа е прашање на бизнис избор, а грчките компании нема да бидат обесправени “, рече тој.

На вчерашната средба со новинарите, Авлонитис објасни дека согласно Преспанскиот договор ќе биде формиран заеднички консултативен Комитет, во рамките на кој претставниците на производителите од двете земји ќе ги испитаат сите можни забелешки или проблеми со кои се соочуваат бизнисите во врска со употребата на името „Македонија“ во комерцијални цели.

Комитетот ќе биде формиран до крајот на 2019 година и ќе остане активен три години.

Авлонитис забележа дека тврдењата дека можат да произлезат правни спорови како последица од Договорот се неосновани.

SHARE

1 Коментар

  1. Костадинов: „Кога немаш пари, чуму ти е идентитетот? ХА, Ха, Ха, Ха!

Comments are closed.