Само Црна Гора и екссоветски републики со помал минималец од Македонија во Европа

Со минимална плата од 195 евра, Македонија во европски рамки стои подобро само од Црна Гора и од повеќето држави настанати од некогашниот Советски сојуз.

Во Црна Гора минималецот е само две евра понизок од македонскиот, а далеку заостануваат Русија со 124 евра, Украина со 118, Белорусија со 115 и Молдавија со 105.

Освен Црна Гора, сите други земји од регионот имаат повисока минимална плата од македонската, а највисоки се словенечката од 667 евра и грчката од 546.

Подобро од Македонија во овој поглед стои дури и Албанија, каде што минималецот е 211 евра. Во Босна и Херцеговина тој е 208 евра (во Република Српска (230), во Бугарија 222, во Србија 231, во Романија 273, во Унгарија 309, во Турција 332, а во Хрватска 405.

Европски рекордер по загарантираната минимална месечна заработувачка е Швајцарија со 2.709 евра, извадени како просек од кантоните Јура и Нојшател, бидејќи нема минимална плата во сите кантони.

Од земјите во Европска унија, пак, највисок минималец има во Луксембург (1.738 евра), во Ирска (1.509) и во Холандија (1.430). Следуваат Франција со 1.386, Велика Британија со 1.247, Белгија со 1.216, Германија со 1.155 итн.

SHARE