Само Србите ги шијат младите Македонци по желбата за емиграција

Младите од Македонија се втори меѓу своите врсници од десет држави во Југоисточна Европа според желбата да ја напуштат својата земја, покажува истражувањето на Фондација „Фридрих Еберт“ и на Центар за слободни избори и демократија (ЦЕСИД) за 2018/2019 година.

Три од четири млади жители на Македонија, поточно 73 проценти, сакаат да си заминат од татковината, а само 27 отсто да останат.

Пред нив се само врсниците од Србија со 75 проценти.

Следуваат младите од Албанија со 66 проценти, па тие од Словенија со 65 отсто, од Црна Гора со 63 отсто, од Босна и Херцеговина со 62 отсто и од Косово со 58 отсто. Далеку зад нив се врсниците од членките на Европска унија, Бугарија и Хрватска со 34 проценти, а најмалку сакаат да си заминат младите Романци, од кои 30 отсто се изјасниле така.

SHARE