Самохрана мајка до МОН: Вие сте срам, детето ми го пипнавте, ќе платите за тоа

Граѓанската активистка Ирена Цветковиќ која беше една од лидерите на Шарената револуција му се закани на министерот за образование Арбр Адеми како прв човек на институцијата која ја елиминира можноста разведено семејство со дете да може да се нарекува семејство.

“❗️Откако реагирав пред некој ден за програмата по Општество за 4 одделение, добивме продолжение. Мојата 9 годишна ќерка повторно дојде вознемирена дома со прашање- нели ти и тато ми рековте дека иако не живеете заедно ние сепак сме семејство?

👉БЕСНА СУМ, ЛУТА И НАВРЕДЕНА. ДЕТЕТО МИ ГО ПИПНАВТЕ И ЗА ТОА ЌЕ ПЛАТИТЕ.
НЕ, СЕМЕЈСТВО НЕ Е МАЖ, ЖЕНА И ДЕЦА КОИ ЖИВЕАТ ЗАЕДНО!

Погледнете дефиниции ако не сте во можност да разберете што значи да се биде семејство, да се искуси семеен живот и конечно да се разбере какви различни форми на семејство луѓето креираат и искусуваат.

Министерство за образование и наука, вие сте брука и срам, но пред се` најсилниот апарат за уништување на луѓето во оваа одамна утепана земја.

❗️Ветувам дека ќе ги дознаам сите правни механизми и нема да се откажам од оваа битка додека вакви глупости не се исчистат од образовниот процес”, пишува револтирана Цветковиќ која најавува битка со институциите.

SHARE