Самсоненко останува, брендот „Вардар“ продолжува


Договорена е соработка на повеќе компании и бизнисмени, кои во иднина ќе бидат дел од македонскиот ракометен бренд кој беше европски првак и со тоа е исполнет еден од условите Сергеј Самсоненко да остане на чело на „Црвено-црнот“ табор.

Самсоненко најави заминување од „црвено-црниот“ табор доколку не добие финансиска помош од македонските бизнисмени, а по новиот успех на Вардар и притисокот од нацијата за спас на клубот, во целата акција се вклучија домашните моќници.

Сергеј Самсоненко, според најавите, ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да биде како инвеститор во тимот. Прв човек ќе биде Михајло Михајловски, а во финансирањето, Русинот ќе има голема помош од домашни компании, кои веќе го потврдија своето учество во клубот.

ИЗВОР: ГОЛ.МК

SHARE

Оставете Коментар