Самуел Пати е наставникот обезглавен од Чеченец во Париз (ГАЛЕРИЈА)

Самуел Пати е францускиот наставник кој вчера беше обезглавен од страна на 18 годишен терорист во едно париско предградие, бидфејќи на ученците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед на час, Дејли Мејл.

Францускиот обвинителза за анти-тероризам Жан-Франсоа Рикар на прес-конференција рече дека 18-годишниот напаѓач роден во Русија објавил фотографија од телото на наставникот на Твитер откако го обезглавил Самуел Пети (47).

Тој додаде дека осомничениот, кому му беше одобрено 10-годишен престој како бегалец во март, а не им беше познат на разузнавачките служби, бил вооружен со нож и пиштол со пластични пелети.

Пати(47) примал закани откако десетина дена пред настанот отворил дискусија околу карикатурата на Мухамед на тема слобода на говор и изразување. Него во предградието на Париз го убил Абулах А. од Чеченија, кој му ја отсекол главата викајќи Алах акбар за време на нападот.

Пати на час ја покажал карикатурата на Мухамед, од хумористичниот магазин Шарли Ебдо, која беше за причина за терористички напад во кој беа убиени 12 луѓе.

Пред да почне часот на кој ги покажал карикатурите наставникот ги повикал муслиманските деца да го напуштат часот, а како не би биле навредени од материјалот. Сепак еден ученик останал и им пренел на родителите кои својот гнев јавно го манифестирале со барање учителот да биде сменет.

SHARE