Самуил бил Бугарин, а Крали Марко Србин, тврди бугарски професор

Од бугарската страна нема што да се менува во учебниците за средновековна историја.  Промените треба да се направат на македонска страна, смета бугарскиот археолог проф. Николај Овчаров во врска со работата на мешаната бугарско-македонска Комисија, која треба да предложи промена во наставните планови по историја,.

За областа каде што е специјалист, средниот век, Овчаров е категоричен дека државата на Самуил е бугарска држава, а не македонска држава.

Тој во гостување на БНТ вели дека „нема историски извор од 10 или 11 век во кој се зборува за Македонци, сите византиски хроники се за бугарското царство“.

Македонија треба да направи многу повеќе промени во учебниците за историјата во средниот век, вели професор Овчаров.

„Во нашите можеби се потребни само некои појаснувања, на пример, дека Вардарска Македонија била освоена од српското царство во 13-14 век и дека Крали Марко е Србин“.

Овчеров смета дека периодите кога  таа (Македонија-н.з.) била  дел од бугарското царство од средниот век, се неспорни и не гледа што може да се менува во учебниците.

SHARE

5 Коментари

  1. dopolnenie na teorijata: Ovcaro(t)v e cistokrven Makedonec ,posto mojot komsija Mitre go napravil za edna chervena za vreme na svojot pohod niz Bugarija(Tataristan)!

  2. Sto e zaednicko vo Bulgarsko/Turskata istirija posto bulgarite pola milenium bile del od Turskoto carstvo! ? Ajde Ovcari-tataro si kazuva sto mu e namerata, ama ovcite vo Makedonija niti bleat niti ……vid na brblaski

  3. Овчаров казва неопровержимата истина –
    България и Македония имат обща история.Всеки македонец трябва да
    знае тази истина!

    • Да затоа што скоро сите сте побугарчени македонци со исклучок на оние што дојдоа со оној ханот со коњската опашка.

Comments are closed.