Саше Јанчев: Каков тип на човек е Фрчко

Правникот од Гевгелија Саше Јанчев користи македонски закони, процедури и устав за да објасни зошто професорот Фрчкоски не е во право кога ја брани одлуката да се објави Законот за јазици без потпис и указ на претседателот Иванов.

“Еве и по тврдењето на Фрчко, Законот за употреба на јазиците (ЗЈУ) или народски законот за двојазичност не произведува правна сила оти е донесен со кршење на закон односно со неправо.

Прво е прекршен Деловникот на Собранието во член 135,точки 4 и 5. Со други зборови, донесен е со европско знаменце, демек е усогласување на домашното право со она на ЕУ.

А според овој член во таков случај мора конкретно да се наведе актот на Еу со кој се усогласува. Таков акт нема.

Во тој случај согласно член 136 од Деловникот Џафери бил должен предлог законот да го врати да се дополни тоа што фали, а ако не се дополни се смета како предлогот воопшто да не бил поднесен.

Така да и прекршен е и член 136 од Деловникот.

Потоа прекршен е уставот во членовите 95,98 и амандман ХХХ кои јасно кажуваат оти овој закон морал да се донесе со 2/3 (80) мнозинство, а гласан беше со апсолутно мнозинство (61).

Законот требаше да го разгледува Комисијата за политички систем, а наместо тоа го разгледуваше Комисијата за Европски прашања кај што главен е Артан Груби за побрзо да го прошверцуваат.

Прекршен е Рамковниот договор кој во Анекс Б, точка 8 вика оти ќе се донесат Закони за да се усогласат со Рамковниот, а не еден ваков омнибус закон.

Прекршен е и истиот Анекс Б, точка 8, алинеја 1 од Рамковен кој вика дека седниците на Собрание нема да се водат на друг службен јазик.

Прекршен е Амандман V од Уставот кој не вика дека тие 20% се однесуваат од целата територија на РМ, туку за територија на општини, па така не само албански, ами и влашки, ромски, турски, српски и бошњачки се службени јазици итн.

И еве на толку неправо нека каже како овој закон по него треба да произведе право.

Фрчко е тип на човек кој го имаат сите диктатури, а обврска му е да си го толкуваат правото како што сакаат за да продадат приказна дека диктаторот е во право.

Правник не е оти правникот секогаш ги подредува политиките така што мора да бидат во согласност со правото, што е услов за демократија.

За разлика од тоа он го подредува правото за да биде во рамките на политиката што е основ за автократија и диктатура. Толку е едноставно”, пишува Јанчев кој е активист на партијата Левица.

SHARE

4 Коментари

  1. Еве какви „правници“ произведе владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и професори по право од типот на Тања Каракамишева. „Правников“ е во најмала рака смешен. Со што сака да го оспори Фрчкоски? Со тоа што вели дека ако одлуката на Иванов не произведува правна сила ЗАТОА ШТО Е ДОНЕСЕНА СО КРШЕЊЕ НА ЗАКОН ОДНОСНО СО НЕПРАВО,како што оценил Фрчкоски, тогаш и законот за двојазичност не произведува правна сила ЗАТОА ШТО БИЛ ДОНЕСЕН СО КРШЕЊЕ НА ЗАКОН ОДНОСНО СО НЕПРАВО (како што оценува „правников“)!? Е сега да го прашам „правников“. Што докажал со тоа што (според него) докажал дека законот за двојазичност е донесен со „кршење на закон, односно со неправо“? Од што овде МОЖЕМЕ ДА ЗАКЛУЧИМЕ дека Фрчкоски не е во право? Фрчкоски не е во право затоа што „правников“ (според самиот себе) „докажал“ дека законот за двојазичност е донесет со „кршење на закон, односно со неправо? На „правников“ никој не му објаснал дека Иванов НЕМА НИКАКВО ПРАВО ДА ОЦЕНУВА дали законот за двојазичност е донесен со кршење на закон (односно со неправо)! Иванов Е ДОЛЖЕН да го потпише законот! Можеби „правников“ мисли дека АКО законот за двојазичност е донесен, како што самиот смета, со кршење на законот, односно со неправо, тогаш Иванов ИМА ПРАВО да не го потпише!?

    • Талат НЕМА НИКАКВО ПРАВО ДА ОЦЕНУВА дали Иванов прекрши устав или закон, туку тоа го прави суд или ако СДС сметаше дека Иванов крши право, се прави со ИМПИЧМЕНТ, па потоа Талат потпишува!
      Талат НЕМА НИКАКВО ПРАВО ДА земе правда во свои раце и ДА БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ПОТПИШЕ УКАЗ!
      За тоа што направи СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР!
      СЕ РАБОТИ ЗА ТЕШКО КРИВИЧНО ДЕЛО НАПАРАВЕНО ОД ТАЛАТ, рамно на ДРЖАВЕН УДАР!

  2. Би сакал да укажам уште на една голема небулоза на „првников“. Вели дека политиките секогаш треба да бидат во согласност со правото, за разлика од Фрчкоски кој „го подредувал“ правото во рамките на поликата. Заблуда е да се мисли дека политиката треба да е во согласност со правото, т.е. правото да е над политиката. Политичарите (како претставници на народот) се тие кои носат закони преку кои ја изразуваат својата воља (како воља на народот), а правото им служи на политичарите(на народот) со тоа што ја исполнува нивната воља изразена во тие закони. Многумина мислат дека Уставот е нешто свето што никој не може да го промени. Уставот можат да го променат политичарите со 2/3 мнозинство во Собрание. Најголема власт во една држава имаат тие што носат Устави и закони и што имаат моќ тие закони да ги извршуваат. Исто така грешка на овој „правник“ е тоа што мисли дека услов за демократија е политиките да бидат во согласност со правото. Демократија значи владеење на народот, владеење по воља на народот,власт што произлегува од народот. Услов за демократија е народот слободно да избере власт по своја воља.

    • Ти очигледно не си правник, а се гледа дека не си полага ниту еден испит во која било правна дисциплина. Со твоето знаење можеш да полагаш само за Возачката дозвола.

Comments are closed.