Сашо Мијалков е однесен во затворот во Шутка

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков добил 30 дена притвор на барање на СЈО по што полицијата го изнела со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што го спровела во истражниот затвор во Шутка.

Апсењето на Мијалков се случува откако СЈО добила сознанија дека постои опасност од бегство.

По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на екс премиерот Никола Груевски.

Во Шутка веќе е Орце Камчев кој заедно со Мијалков е осомничен во случајот на СЈО “Империја”.

SHARE

Оставете коментар