Сасоли денеска во Скопје

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, денеска ќе престојува во Република Макеоднија, што е неговата прва официјална посета надвор од Европската Унија.

За одлуката прво да ја посети Македонија Сасоли вели дека тоа е затоа што смета дека исходот во Советот на ЕУ бил неправеден кон Скопје, а тоа што земјата не доби датум за преговори од ЕУ е, според него е мала пауза.

Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

SHARE