“Сатар” за мерка на СДСМ од креаторот на финансиската програма

Професорот Бранислав Јовановиќ кој беше советник на сменетиот министер за економија Тевдовски и ја креираше финансиската политика на СДСМ бара партијата на Заев да ја напушти мерката
„Викенд без ДДВ“ затоа што е многу лоша по повеќе основи.

Јовановиќ вели дека мерката била разговарана и порано но била отфрлена од повеќе причини:

1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.

2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.

3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.

4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.

“Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема”, вели Јовановиќ.

SHARE