Савески: А зошто Австрија не е во НАТО?

Активистот на Левица синоќа на својот Фејсбук-профил постави прашање зошто Австрија не е членка на Северноатлантската алијанса (НАТО), кога веќе канцеларот на таа земја ја препорачува на други.

Себастијан Курц на заедничката прес-конференција по состанокот со премиерот Зоран Заев изјави дека Австрија ќе продолжи да го поддржува членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

„Ако толку било добро членувањето во НАТО, нека Курц прво ја напика Австрија во НАТО пред да ѝ препорачува на Македонија да биде членка на НАТО“, напиша Здравко Савески на својот Фејсбук-профил.