Депонијата „Дрисла“ од денеска е во владение на Град Скопје, соопшти градоначалникот Петре Шилегов, а во Централниот регистар е впишано дека „приватната“ депонија, по 9 години, одново станува јавно претпријатие, дознава СакамДаКажам.

„После две години активна борба успеавме да ја вратиме депонијата во сопственост на Град Скопје. Уште утре директорот Горан Ангелов ќе биде сменет и назначен в. д. директор. Ги повикувам сите надлежни институции да влезат во Дрисла и да го испитаат досегашното работење на концесионерот. Жал ми е што изгубивме 9 години, но јас сум гарант дека во Дрисла ќе бидат воведени најсовремени технологии“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Вчера бугарското Обвинителство поведе и истрага против директорот на „Дрисла“ Горан Ангелов и содружникот Блаже Игњатовски за увоз на опасен отпад од Италија преку нивната бугарска фирма „Блацион“ ДOO.

SHARE