Други три медицински сестри – персонал кој работеше во новоотворениот ковид центар во струмичката болница – се позитивни на ковид-19, јавува порталот СакамДаКажам.

Поради големите дневни бројки на ковид дијаностицирани и лица кои бараат болничко лекување, директорот на болницата Гогов вели дека се ангажирани сестри од другите одделенија каде исто така заради обемот на работа недостасува персонал и состојбата станува алармантна.

„За да функционира новоотворениот ковид центар ангажираме сестри од други одделенија. Но, и таму е зголемен обемот на работа така што ни недостасува персонал.

До Министерството за здравство испративме барање за одобрување на дополнителен персонал во Струмица односно доктори и медицински сестри да бидат регрутирани од други градови за овде да работат оти ни требат во овој период“ вели Гогов кој минатата недела откри дека вирусот бил дијагностициран кај 5 здравствени работници од болницата.

SHARE