Владата доставила барање до Општина Центар од новиот детален урбанистички план „Мал ринг“ да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза, дознава порталот
СакамДаКажам.

Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ која беше формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година, за овие два објекти кажа дека се дивоградби и при нивната изградба прекршени се низа закони.

Од Општина Центар за порталот велат сега чекаaт одговор од Министерството за култура под чија надлежност се овие објекти, дали се согласуваат и тие со ова барање, по што ќе може да бидат тргнати од планот.

SHARE