СДК: За ковид-тестови граѓаните платиле над 5,5 милиони евра

Повеќе од 5,5 милиони евра платиле граѓаните за ковид-тестови во приватните болници и лаборатории од почетокот на пандемијата, јавува порталот СакамДаКажам.

Досега приватно се направени вкупно 111.244 тестови по цена од најмалку 3.000 денари, тогаш излегува дека се потрошени најмалку 5.562.200 милиони евра.

Само во перидот од 19 до 25 октомври, од 13.331 тестирања, 7.481 се направени во приватни лаборатории и болници. Тоа значи дека за една недела граѓаните за приватно тестирање потрошени околу 400.000 евра, или по околу 60.000 евра дневно.

SHARE