СДК: Заев на консултации со министрите, во игра и оставка !?

Политички консултации со министрите свика премиерот Зоран Заев по враќањето од Брисел, јавува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Според порталот, во контекст на случувањата во Брисел,  се разгледуваат и анализираат сите опции, вклучително и оставка на премиерот Зоран Заев и враќање на мандатот.

Од утрово консултации имало и во партиското седиште на СДСМ.

Одлуката дали земјава ќе добие датум за отпочнување на пристапните преговори, европските лидери треба да ја донесат и соопштат денеска, откако на првиот ден од самитот не беше постагнат договор поради ветото на Франција.

Премиерот Заев во средата во Брисел на прес-конференцијата со еврокомесарот Јоханес Хан рече дека „ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Ако не се испорача, тогаш кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани во неа ќе биде доведена во прашање, и ова со сигурност ќе ги поттикне регресивните сили и ќе остави простор за трети сили“.

Тој не одговори директно на прашањето дали ако не се добие одлука за пристапните преговори ќе падне владата, односно дали тој ќе даде оставка.

„Одговорност ќе треба да се преземе, јас тоа го чувствувам“, рече Заев.

SHARE