СДСМ го прекрши “Пржинскиот договор”, Мицкоски не предлага замена за Мизрахи

Опозицијата нема да кандидира нов министер за труд и социјална политика по смената на досегашната министерка Рашела Мизрахи во 4 часот наутро.

Извори блиски до ВМРО-ДПМНЕ за порталот Курир брифираат дека најверојатно нема да се достави нов предлог за министер за труд и социјална политика.

Според информациите на Курир од партијата се решиле на ваков чекор бидејќи не бил испочитуван договорот за техничка Влада од страна на владејачката СДСМ. Засега нема сеуште потврда, ниту демант на ова, но анализите покажуваат дека партијата нема да ја одобри политиката на преседани водена од Спасовски, пишува порталот.

Претходно техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати барање до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика по разрешувањето на Рашела Мизрахи.

Целата информација на следниот линк

SHARE