СДСМ го урна сопствениот наратив “Наќе е крив” (ВИДЕО)

Со признанието дека Бирото за јавна безбедност ги испратила полициските специјалци да интервенираат при утврдување дали лидерот на опозицијата Мицкоски ручал во скопска кафеана СДСМ призна дека нивните кадри во текот на целата коронакриза имале можност да реагира при прекршување на мерките за Ковид19.

Директор на Бирото за јавна безбедност е Сашо Тасевски бодигардот кој на 27 април пукаше од пиштол во Собранието. Тасевски кој на позицијата беше назначен од СДСМ сега дал наредба за интервенција на специјалци на МВР во кафеаната каде што ручал Мицкоски.

Предходно тој не дал вакви наредби за Литијата во Струга или за масовното прекршување на мерките за време на Рамазан.

Со ова признание СДСМ во иднина нема да може да го обвинува министерот Чулев дека не реагира и не ги казнува граѓаните при контрола на мерките за борба против Ковид19 затоа што станува јасно дека и кадрите на СДСМ имаат овластувања за преземање на соодветни мерки во оваа насока.

Видеото е на ТВ21

SHARE