СДСМ ја спроведува операцијата „80. глас“

СДСМ вложува огромни напори да ја убеди пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова да биде 80. пратеник што ќе гласа за уставните измени.

Комуникацијата со неа одела преку друга пратеничка на опозицијата, ексфункционерка на ВМРО-ДПМНЕ.

Манаскова, која е малку позната во јавноста, е родена на 22.6.1981 во Кочани, а живее во Виница. Македонка. Дипломирала историја на уметноста и археологија на Филозофски факултет при УКИМ, Скопје. Специјалист за заштита на културно наследство на Рицумејкан универзитет – Кјото.

Активности во Собранието:

Национален совет за евроинтеграции, заменик-член, Комисија за надворешна политика, заменик-претседател, Комисија за европски прашања, член, Комисија за култура, член, Комисија за локална самоуправа, заменик-член, Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член,

Член е на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка и член на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите.

Најнова вест

МАНАСКОВА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА УСТАВОТ

Пропадна уште еден обид на СДСМ за 2/3 мнозинство

SHARE

Оставете Коментар