Социјалдемократскиот сојуз вечерва побара извинување од ТВ Телма и од новинарката Снежана Лупевска околу конфузијата во јавноста дали вечерва требало да има или не закажан ТВ дуел меѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

,,Сакаме да ја информираме јавноста деке вечерва, во вестите на Телма телевизија, новинарката Снежана Лупевска не ја кажа вистината.

Имаме обврска пред граѓаните да ги посочиме фактите, аргументите и вистината.

Не е точно дека била закажана тв дебата на Телма телевизија, денеска, 24.04.2019 година. Исто така не е точно дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски или од неговиот тим посочиле дека „поради обврски не може да присустува на дебата“.

Прво затоа што дебатата не беше ниту закажана и второ затоа што во поканата на Телма телевизија, се наведени повеќе термини, односно, како што стои: „во текот на утрешниот ден, или подоцна. Доколку тоа не е можно би сакале дуелот да се одржи на последниот ден од кампањата или на 3 мај.“ “ се вели во соопштението-демант на СДСМ.

,,Бидејќи веќе се проширија шпекулации кои се подгреани со пласираните невистини, очекуваме извинување од новинарката Снежана Лупевска која воедно е и одговорен уредник на информативната програма“-бараат од СДСМ, пренесува Ако.мк.

Инаку, двајцата канддати денеска околу ова разменија пораки преку социјалните мрежи.

,,Бидејќи веќе се проширија шпекулации кои се подгреани со пласираните невистини, очекуваме извинување од новинарката Снежана Лупевска која воедно е и одговорен уредник на информативната програма“-бараат од СДСМ, пренесува Ако.мк.

SHARE

6 Коментари

  1. Сите внимавјте со коментари! Николче РАБОТИ ЗА ПОЛИЦИЈА! Само се прави луд! Работи заедно со ликот „еден” од тајната полиција на СДС и Зајко – Стево! Внимвајте!

  2. БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ФАЗИ:

    1. Неуспешен референдум,

    2. Итно поништување на договорот,

    3. Делегитимирање на предавничката власт,

    4. Предвремени избори,

    5. Офанзива во ООН за враќање на изгубеното,

    6. Одговорност за сите учесници во сценариото,

    7. Севкупен рестарт на државата!

    ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

Оставете Коментар