СДСМ му се закани на ДУИ, Талат ја прекина седницата за Јавното обвинителство

Спикерот на Собранието со прекин на седницата на која се расправаше за законот за Јавното обвинителство реагираше на заканата од СДСМ за нова коалиција без ДУИ.

Предходно Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски објави пост на Фејсбук кој за ДУИ е закана до нив

“Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом”, напиша Николовски.

SHARE