СДСМ не ја признава анкетата на ИПИС, нема проблем со полошата од МЦМС

Најновата анкета која покажува дека ако идната недела има избори ќе победи опозицијата не се прифаќа од власта.

За СДСМ анкетата на Институтот за политички истражувања е “лажирана и го потврдува стравот на ВМРО-ДПМНЕ од решителноста на граѓаните да изберат светла иднина наместо темно минато, се вели во соопштението на владеачката политичка партија”.

Според СДСМ овој институт е добро познат за јавноста кога во минатото објавуваше нарачани анкети со предност на ВМРО-ДПМНЕ од 3:1.

СДСМ мината недела не реагираше на анкетата на Македонскиот Центар за меѓународна соработка според која разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е само 0,4 % односно уште помала од разликата која ја објави ИПИС каде власта има предност од 0.6 % пред опозицијата на прашањето во која партија имате доверба.

За разлика од ИПИС чија анкета СДСМ не ја признава, владеачката партија нема проблем со МЦМС и агенцијата М – Проспект која ја спроведе анкетата со која исто така значително се намалува разликата меѓу двете најголеми македонски партии.

Според анкетата на ИПИС ако идната недела има избори ќе победи опозицијата.