СДСМ осудува антисемитизам, не го наведува поводот

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи.
СДСМ апелира на високо ниво на одговорност во јавните комуникации“, стои во кусата објава на Фејсбук.

Поранешен новинар и голем поддржувач на оваа партија, вчера на Фејсбук сподели уште еден статус со навредлива содржина упатен на адреса на министерката за труд социјална политика:

„Слушам дека Мизрахи пак јадела хумус од мртви Евреи“, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежеи, но и отворени барања за санкционирање на отворениот антисемитиза.